Последниот сјај на ѕвездата “падалица“

22.10.2007

Уште една овдешна политичка ѕвезда “падалица“ блесна за кратко минатата недела. Мендух Тачи, минатата недела во Тетово се обиде, преку митинг за наводна поддршка на независно Косово и македонско зачленување во НАТО, да покаже дека тој и неговата ДПА се уште се некакви политички фактори. Но, попусто, тоа како да не допира до неговиот коалициски партнер Никола Груевски кој веќе им даде ветување на странските фактори дека доколку Македонија влезе во НАТО, тој ќе распише избори и за коалиционен партнер ќе го земе конкурентот на ДПА, Демократската унија за интеграција.