Летовите за Марс “пребукирани“

20.08.2007

Новата американска вселенска сонда ќе трага по знаци на живот во областа на северниот пол на Марс. Леталото со себе понесе и дигитална библиотека која ја покажува заинтересираноста на човечката цивилизација за црвената планета. По деветмесечниот лет сондата на површината на Марс ќе истражува дали поларната област кога било порано била поволна за појавата на живот. Брус Бетс, од непрофитабилната организација Планетарно општество вели дека леталото со себе понело дигитален видео диск од силикати и стакло како поклон за идните посетители на Марс.